Брус Вилис / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Брус Вилис за првпат виден во јавност по дијагнозата на деменција

Актерот Брус Вилис е виден во јавноста за првпат откако неговото семејство минатиот месец откри дека му е дијагностицирана фронтотемпорална демеција.

На фотографиите, кои ги објави „Дејли меjл“, се гледа познатиот актер Брус Вилис, кој вчера го поминал денот со двајца пријатели во Санта Моника, Калифорнија. Вилис бил облечен во сина маица, црни пантолони и сива капа.

Семејството на Брус во февруари ја сподели веста за неговата состојба со светот.

„Откако ја објавивме дојагнозата на Брус, пролетта 2022, неговата состојба се влоши и сега имаме специфична дијагноза, фронтотемпорална деменција. За жал проблемите со комуникација се само еден од симптомите на болеста со кои се соочува Брус. Иако е ова многу болно, олеснување е конечно да ја имаме јасна дијагноза“, изјавија тогаш членовите на неговото семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот