Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Бруклин Бекам му зададе уште еден „удар“ на своето семејството: „Секогаш те бирам тебе, бејби“

Бруклин Бекам предизвика бура на социјалните мрежи откако јавно изјави дека „секогаш ја избира својата сопруга“, актерката Никола Пелц, токму во периодот кога односите во семејството Бекамови не се на завидно ниво.

Само неколку недели откако почнаа да се шират гласини за наводниот конфликт на Бруклин со семејството, тој објави видео на својот Инстаграм профил на кое е со Никол, а на кое пишува:

„Целиот мој свет. Те сакам засекогаш. Секогаш те бирам тебе, бејби. Ти си најпрекрасната личност што ја познавам. Засекогаш ти и јас, бејби.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Оваа порака беше протолкувана како директен напад врз неговото семејство, особено затоа што Бруклин и Никол неодамна ја пропуштија забавата по повод 50-тиот роденден на неговиот татко Дејвид, која беше организирана и во Лондон и во Мајами.

Блиски извори тврдат дека Никол му помогнала на Бруклин „да ја види емоционалната злоупотреба и токсичното однесување во неговото семејство“, додека кругот на Бекамови ги нарекува обвинувањата „непријатни и очигледно неточни“.

Драмата се вжешти дополнително кога помладиот брат на Бруклин, Круз, одговори на неговата објава, заблагодарувајќи им се на родителите што „им го дале целиот свет на своите деца“, очигледно застанувајќи во одбрана на семејството.

За потсетување, односите меѓу парот Пелц-Бекам и семејството Бекам наводно биле затегнати за време на раскошната тридневна свадба во 2022 година, која се одржала во луксузната вила на семејството Пелц во Палм Бич, и која наводно била исполнета со тензии и несогласувања зад сцената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот