Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Бритни Спирс цела во модринки и завои: Пејачката објави загрижувачко видео

Принцезата на поп музиката Бритни Спирс доживеала несреќа откако паднала во куќата на својата пријателка и сериозно го повредила коленото. Пејачката ја сподели веста со своите обожаватели на Инстаграм, каде што, и покрај болката, објави ново видео од себе како танцува.

„Паднав по скалите во куќата на мојата пријателка и беше ужасно… Одвреме-навреме излегува, не сум сигурна дали е скршено, но засега е вратено на место. Ти благодарам, Боже“, напишала таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by XILA MARIA RIVER RED (@britneyspears)


Во видеото можете да видите дека нејзиното десно колено е преврзано, но Бритни сепак танцува, а обожавателите во коментарите ѝ посакаа брзо закрепнување.

Во описот на објавата, Бритни додала и дека нејзините синови, Шон и Џејден, морале да се вратат на Хаваи, каде што живеат со својот татко Кевин Федерлајн, па „танцот служи како начин на изразување“, па дури и како „молитва преку уметност“. Бритни додала дека само сака да биде подобра личност и им се заблагодарила на сите што ѝ пружаат поддршка.

Да потсетиме, Бритни Спирс и Кевин Федерлајн се запознаа во 2004 година и се венчаа по само три месеци врска. Свадбата беше тајна, а наскоро добија два сина – Шон Престон и Џејден Џејмс.

Иако врската започна како бајка, веќе во 2006 година, Бритни поднесе барање за развод поради „непомирливи разлики“. Бракот официјално заврши во 2007 година, а Кевин го доби примарното старателство над децата, додека пејачката ретко ги гледаше своите синови.

По неколку инциденти и медиумски скандали, судот го ограничи нејзиниот контакт со децата, а Кевин подоцна се пресели на Хаваи со момчињата.

Минатата година, Бритни го помина Божиќ со 18-годишниот Џејден. Таа се пофали со нивните заеднички моменти на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by XILA MARIA RIVER RED (@britneyspears)

„Најубавиот Божиќ во мојот живот. Не сум го видела моето момче две години. Солзи радосници и буквално шок. Останав без зборови. Ти благодарам Исусе“, напиша Бритни во описот.

„Ова е моето бебе“, рече пејачката на почетокот на видеото, а потоа го бакна во образ. Потоа, се сликаа пред елката и им посакаа на своите следбеници среќен Божиќ.

ФОТО+ВИДЕО | Бритни Спирс e во многу лоша состојба: Пријателите молат за помош

Пријателите се загрижени за Бритни Спирс: „Таа живее во целосен хаос, нејзината вила е покриена со кучешки измет. Се плашиме од најлошото“

ВИДЕО | Бритни Спирс објави дека посвоила девојче, го кажа и нејзиното име

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот