фото: Brera Strumica

ВИДЕО: Брера Струмица „четири од четири“, Малески дебитираше со гол против Тиквеш

Брера Струмица продолжува победнички од стартот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, ја забележа и четвртата победа во низа.

На домашен терен играчите предводени од италијанскиот тренер Џовани Валенти со резултат 2:0 триумфираа над Тиквеш.

Немаше голови по првото полувреме, а новото летно засилување Малески донесе водство во 72 минута.

Конечниот епилог го постави Ѓоргиевски во самиот финиш од средбата (90+8`).

На табелата Брера Струмица е на првата позиција со 12 бодови, пред Шкендија која има девет од три натпревари, а третопласиран е Тиквеш со шест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот