ВИДЕО | Бразилските демонстранти со палки кршеа прозори и мебел во Конгресот, претепан и полицаец

Драматичните сцени се случија во Бразил на една недела по инаугурацијата на новиот левичарски претседател Луис Инасио Лула да Силва.

На социјалните мрежи се споделуваат се повеќе видеа од насилниот протест во Бразил. На едно од нив се гледа како демонстрантите фрлаат полицаец од коњ и го тепаат и полицаецот и коњот со палки.

Според снимките кои што се споделуваат се чини дека има повредени демонстранти, иако се уште нема официјални извештаи.

Поддржувачите на експретседателот на Бразил, Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот, а полицијата фрли солзавец врз нив, пишува Би-Би-Си.

Демонстрантите искршија прозорци и мебел во Конгресот.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот