Анди Исмаили / Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | „Боли, но тоа се бара“: Танчар од Македонија го расплака жирито во хрватско шоу за таленти

Четирикратниот светски шампион во модерен балет, гостиварчанецот Анди Исмаили, ѝ остави силен впечаток на Мартина Томиќ пред еден месец и тогаш си обезбеди директен влез во полуфиналето на хрватското шоу „Суперталент“.

Ова петнаесетгодишно момче повторно ја воодушеви жири-комисијата, а и целата публика, со својата динамична кореографија на песната „Skyfall“ на британската пејачка Адел.

„Вие сте олицетворение на изведувачките уметности… Убавината на овој момент ми носи солзи во очите. Боли, но таква е болката што сакате да ја почувствувате. Јас сум ти благодарна за вечерашната изведба, но и за она на што нѐ научи нас, возразните. Ние треба секојдневно да учиме од дете како тебе. Уште се тресам од твојот настап“, му рече Мартина Томиќ по настапот, а истото мислење го имаа и останатите членови на жирито.

@supertalent Ovo je vjerojatno rekordni broj pirueta na #SupertalentHR! #fyp #foryou #Supertalent #gottalent #semifinals ♬ original sound – Supertalent


За време на своето прво претставување во октомври, светскиот шампион во современи танци откри дека бил исмејуван поради изборот да стане танчар, но дека поради тоа станал посилна личност.

„Во мојот град многу ме малтретираат. Тоа се случува секојдневно, 24/7. Кога луѓето ќе видат машки танчар, тоа им е нешто невообичаено. Затоа не сум изненаден. Еднаш ми се случи доста трауматично нешто. Една наставничка ми рече нешто многу навредливо. Кога еден тинејџер ќе слушне нешто такво, тоа веднаш му ја уништува самодовербата. Разбирам тоа да доаѓа од учениците. Да си малтретиран е фаза, тоа е нешто низ што сите минуваме. Но, од возрасна жена, не мислам дека е во ред“, сподели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот