Фото: Промо

ВИДЕО | Благоја Чоревски раскажа приказна за Димче Мешковски и за Емин Унџел: Ние бевме семејство

Благоја Чоревски се сети на неговиот пријател и колега Димче Мешковски, легендарниот актер кој почина лани во Америка. Во емисијата „Еден на Еден“, тој на Жаре му раскажа приказна поврзана со Димче Мешковски, со Емин Унџел и Иван Карадак, креаторот на познатото радио шоу„Хихирику“.

– Еден скеч играа Мешко и Дади, па одвреме навреме, Мешко ќе беше зафатен со Кате да играаат во друг град, па јас упаѓав. Ние така бевме, семејство. И ден-денес сме семејство. Мешко во еден скеч вели: „Дома кај мене, не смее никој да писне! Јас пискам“. Но, Мешко имаше таков глас, имаше продорен глас за десет души. Јас не можам така да доловам. Кога го правеше тоа, публиката паѓаше – се присети Чоревски.

Го спомена и легендарниот Емин Унџел, кој бил тонец во Македонската телевизија. „Тој беше вработен како тонец, но бескрајно талентиран. Тоа беше организација голема. Некогаш и по два дена сме снимале, по 2-3 часа. Или пак на Карадак нема да му се допадне. Тој никогаш не седеше во студио, за време на снимање беше надвор, шеташе. И точно по звукот ќе осети и ќе влезе: „Не, ајде преснимувај“, раскажа Чоревски.

Првиот дел од емисијата со Чоре е достапен на јутјуб каналот на „Еден на Еден“ и може да се гледа на овој линк:

 

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот