
ВИДЕО | „Благодарна сум што ве имам“: Тамара Тодевска го прослави 40. роденден со емотивен концерт на Козјак
Македонската пејачка Тамара Тодевска вчера го прослави својот 40. роденден на навистина посебен начин – со незаборавен концерт на отворено, на една од најубавите локации во Македонија, Козјак.
Препорачано
Опкружена со најблиските – нејзиното семејство, пријателите, бендот, тимот и верната публика, Тодевска создаде магична атмосфера, проследена со музика, емоции и изненадувања.
На сцената ѝ се придружија и нејзините деца, кои ѝ подарија бонбони и симболичен подарок, токму во моментот кога нејзини пријатели пуштија конфети.

Силна поддршка доби и од нејзините родители, Велко и Брана, кои беа присутни на прославата, како и од нејзиниот сакан Лука Радовиќ, кој ѝ подари огромен букет среде настап, а претходно и јавно ѝ се обрати преку Инстаграм со емотивна порака: „Радувај му се на секој момент. Ти благодарам на сè. Те сакам најмногу на светот. Среќен роденден љубов моја“.
„40-та ја дочекав на една од најубавите локации во Македонија, на Козјак, со моите луѓе, мојата фамилија, пријатели, мојот бенд, тим и со најверната публика. Благодарна сум на сите што ве имам и сте дел од мојот живот“, напиша таа на социјалните мрежи, споделувајќи видео од концертот.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Тамара Тодевска и Лука прославија 2 години откако се заедно: „Среќна годишнина љубов моја“