Фото: Alex Slitz / Getty images / Profimedia

ВИДЕО | Бијонсе доживеа непријатност на сцена: Роботската рака наместо во чаша, го истури пијалакот врз нејзиниот златен трон

Бијонсе моментално ги воодушевува фановите со својата турнеја „Каубој Картер“, а за време на нејзиниот концерт во Лос Анџелес се случи неочекувана незгода со роботот, кој накратко го засени шоуто.

Наместо гламурозен момент каде што робот ѝ сипува пијалак во чашата, технологијата откажа, и тоа пред сите. Концертот кој вообичаено трае речиси три часа и вклучува 36 песни со интересни сценски ефекти каде што Бијонсе јава механички бикови, пее на летачки автомобил, а ѝ се придружуваат и нејзините ќерки Блу Ајви и Руми.

Сепак, додека нејзините ќерки го збогатија настапот, роботот, не се прослави.

Имено, за време на последната вечер од серијата од пет концерти во Лос Анџелес, Бијонсе, седна на големиот златен трон за да одглуми момент на релаксација.

Планот беше роботска рака да го сипе пијалакот во нејзината чаша. Сепак, роботот го преврте шишето прерано, па пијалакот се истури врз златниот трон наместо во чашата. Бијонсе, не знаејќи што се случило, ја крена чашата, но брзо ја спушти кога сфати дека е празна.

@beyonceaccess ROBOT IS GETTING FIRED! 🤖 Alguém vai perder o emprego kkkk #beyonce #cowboycarter #beyhive #cowboycartertour ♬ som original – Beyoncé Access 🇧🇷

За момент, на нејзиното лице се појави насмевка, но набрзо се фокусираше и продолжи со планираните движења.

Видеото од овој несреќен инцидент брзо стана вирално на социјалните мрежи, а многу корисници на Тик ток коментираа на објавата:

„Роботот ја промаши чашата? Тој уред беше веднаш активиран, но нејзиното лице кажа сè“, „Бијонсе сакаше толку многу да се смее, што го гледаше роботот како да не е робот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот