Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ВИДЕО | Бегајќи од фановите, Хју Џекмен влезе во непознат автомобил кој случајно го сопре на улица

Актерот Хју Џекмен влезе во автомобил на странец за да се ослободи од обожавателите кои го чекаа пред зграда во Њујорк. Според видео до кое дојде „Њујорк пост“, обожавателите го чекаа познатиот актер пред театарот Минета Лејн во Њујорк, каде што тој имаше проба за претставата „Сексуално злоупотребување на средната класа“.

Во таа пригода беше облечен лежерно. Носеше темносина кошула и фармерки.

Додека Џекмен одеше по улицата, бројни обожаватели му се приближија, барајќи автограми и правејќи селфиња. Меѓутоа, бидејќи не можеше да се ослободи од нив, запре еден од автомобилите што минуваше по патот.

@nypostHe’s on the move. Hugh Jackman jumped into a stranger’s car to get away from a chaotic mob of fans in New York City. 🚗♬ original sound – New York Post | News

На Џекмен очигледно не му беше грижа кој го вози автомобилот бидејќи сакаше да побегне од обожавателите. Па тој и неговиот телохранител скокнаа во истиот.

Патем, неговата самостојна претстава треба да се изведе во петок, но беше објавено дека имаат „проблем“ со продажбата на билети.

Според „Дејли мејл“, претставата, која премиерно се прикажа на Бродвеј во јануари, ги намали цените на билетите на 98 долари за претставата во петок и 60 долари за претставата закажана за сабота.

Најдобрите седишта во салата се достапни за 212 долари, што е многу поволна цена во споредба со блиската претстава на Пол Сајмон во театарот „Бикон“, каде што билетите се продаваат за до 680 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот