Фото: Скриншот/Бебе Реџа

ВИДЕО | Бебе Реџа расплакана и вознемирена: „Ми се закануваа на аеродром во Минхен бидејќи зборував на албански јазик“

Американската пејачка Бебе Реџа, која е со етничко албанско потекло од Македонија, вчера сподели низа објави на својот инстаграм-профил, во кои вели дека вработен на аеродром во Минхен ѝ се заканувал бидејќи зборувала на албански јазик, пренесе „Дејли мејл“.

Видливо вознемирена и расплакана на видеата кои ги објави, Реџа објасни дека не ѝ бил дозволен влез во авион на германската авиокомпанија „Луфтанза“.

„’Луфтанза’, ми се закануваа бидејќи мислев дека обезбедувачот е Албанец. Јас му се обратив на албански јазик и го прашав каде може да купам карта и сега тој ми забрани да летам“, напиша таа.

„Верувам дека овде станува збор за злосторство од омраза само затоа што сум Албанка. Тој не ми го кажа своето име. Тој продолжи психички да ме малтретира, со цел да ми покаже дека е помоќен од мене. Никоја од жените во Луфтанза не стана да ме одбрани или да каже нешто во врска со ситуацијата. Тој не ми го кажа своето име. Но, само што дознав дека работи во ‘ATSG’, компанија за контрола на документи ангажирана од Луфтханза“, продолжи Реџа во своите инстаграм-стории.

Фото: Инстаграм/Бебе Реџа

„Никогаш во животот не сум била олку емотивно исцрпена. Луѓето од ‘Луфтанза’ ме исконтактираа, но ги замолувам да направат целосна истрага за да дознаат кој е човекот кој ја злоупотреби моќта која му беше дадена. ‘Извини’ нема да биде доволно овој пат“, рече пејачката.

Фото: Инстаграм/Бебе Реџа

ФОТО | Бебе Реџа се врати во Дебар и порача: „Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија, Прешево – сите се мојата Албанија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот