Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“
Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“ / Утрински брифинг

ВИДЕО | Аврамовски: Не може да се исклучи постењето на корупција кога застаруваат предметите

Веќе имавме повеќе случаи каде што застареа казните за дел од обвинетите. Овие рокови за застареност течат во сите предмети, и кој било од предметите може да застари доколку се пролонгира постапката. Гледаме предмети кои повеќе години се во првостепена постапка, изјави за Утрински брифинг Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“.

-Од оваа перспектива многу тешко е да се каже дали би можела да настапи застареност и во кои предмети, меѓутоа факт е дека како хипотетичка можност останува да биде реална можност. Постојат повеќе фактори кои влијаат врз застарувањето на делата. Од една страна имаме доцнење од страна на органите на прогонот. Постои пролонгирање на постапката поради непостапување во истражната фаза, заради некоординација меѓу службите, вели Аврамовски.

-Многу често има одлагање во предметите, заклучува Аврамовски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот