Фото: Данела Арсовска

ВИДЕО | Арсовска: Висар Ганиу е „принцеза на дивоградбите“, МВР одбива да постапи по пријава за дивоградба во Чаир

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, утрово се вклучи во живо на нејзиниот фејсбук-профил од локација во близина на „Пластичарска“, за која во неколку наврати било пријавувано до надлежните  дека е дивоградба и дека ги нема потребните дозволи и одобренија за градба, но оттаму немало никаква реакција.

Фото: Данела Арсовска

Таа ги побара министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу да одговорат зошто нема реакција и екипи на терен да ја утврдат законитоста на градбата на овој објект, кој се гради веднаш до главната улица.

-Во моментов во општина Чаир спротивно на законот си почнале нова дивоградба, за жал во овој момент не реагира МВР, го повикуваме министерот Тошковски, кој би требало да реагира, и го повикуваме Стојанче Ангелов овие необезбедениве дупки, каде може сакој случаен минувач да се повреди, да излезат на лице место и да ни кажат дали има „сејфти фрст“. Направен сериозен ископ, започната градба. Општина Чаир и „принцезата на дивоградбите“ го нема никаде. Возила нерегистрирани кои работат на објектот, без никаква дозвола, нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниту еден документ со кој се гарантира безбедност на градба, и да не се чудиме она што се случува во Македонија. Дополнително објектот е во ГУП на Скопје, каде овие тука си одлучиле да си прават зграда без ниту еден документ – рече Арсовска.

На видеото таа разговара и со работниците, кои патем со своите неколку возила целосно го блокираат тротоарот и улицата, а освен погрешно паркирани, камиончињата се паркирани и во спротивен правец од улицата.

Фото: Данела Арсовска

Но, претходно, кога градоначалничката стигнала на градлиштето, вели дека имало 20-тина работници кои го напуштиле местото, а од полицијата одбивале да постапуваат, па таа во живо ги повика и МВР и градежните инспектори да дојдат на таа локација и да реагираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот