фото: EPA/ANDY RAIN

ВИДЕО | Арсенал триумфираше над Нотингем форест, Зубименди двоен стрелец

Фудбалерите на Арсенал денеска го победија Нотингем форест со 3:0 на домашен терен во Лондон, во натпревар од четвртото коло во Премиер лигата.

Арсенал поведе во 32 минута преку Мартин Зубименди, со својот прв гол за лондонскиот клуб.

Виктор Ѓекереш го зголеми водството во 46 минута по асистенцијата од Еберечи Езе, кој го започна својот прв натпревар за Арсенал, а Зубименди го постави конечниот резултат со својот втор гол во 79 минута од средбата.

Тимот на Микел Артета е прв на табелата со девет бода, додека Нотингем Форест е на 11 место со четири бода.

Арсенал ќе биде домаќин на Манчестер сити во дербито на следното коло во Лондон, додека Нотингем форест ќе игра на гости против Барнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот