Фото: EPA/TOLGA AKMEN

ВИДЕО | Арсенал рутински во лондонското дерби, Јунајтед го победи Сандерленд за „помирен сон“ на Аморим

Фудбалерите на Арсенал го победија Вест хем со 2:0 на домашен терен денеска во седмото коло од Премиер лигата.

Арсенал поведе во градското лондонско дерби во 38 минута со голот на Деклан Рајс, додека Букајо Сака ја потврди победата за домашниот тим во 67 минута од пенал.

Арсенал со тоа ја прекина серијата од два последователни порази на домашен терен од Вест хем, а ова беше 300 натпревар на клупата на тренерот Микел Артета на клупата на Арсенал.

На табелата во Премиер лигата, Арсенал е на првото место со 16 бода, со натпревар и бод повеќе од второпласираниот Ливерпул. Вест хем е на претпоследното, 19 место, со четири бода. Во следното коло, Арсенал ќе гостува кај Фулам, а Вест хем ќе го пречека Брентфорд.

Екипата на Манчестер јунајтед го совлада Сандерленд со 2:0 на домашен терен. Мејсон Маунт му донесе водство на Јунајтед во осмата минута, пред словенечкиот играч Бенјамин Шешко да го зголеми водството во 31 минута од натпреварот. Во изминатите неколку месеци тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим добива доста критики поради лошите резултати, а овој триумф сигурно ќе му донесе нешто помирна атмосфера во соблекувалната.

Ова беше втор гол на Шешко за Јунајтед, а прв на „Олд Трафорд“. Сандерленд е на шестото место со 11 бода, додека Јунајтед е на осмото место, со еден бод помалку.

Во следното коло од најсилната англиска лига, Сандерленд е домаќин на Вулверхемптон, додека Манчестер јунајтед оди кај Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот