фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Арина Сабаленка ја одбрани титулата на САД опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои Отвореното првенство на САД, откако во финалето ја победи Американката Аманда Анисимова со 6:3, 7:6 (7:3).

Мечот траеше еден час и 34 минути. Сабаленка е тенисерка број еден во светот, додека Анисимова е на деветтото место на ВТА листата.

Ова беше 10 дуел помеѓу белоруската и американската тенисерка, и четврти триумф за Сабаленка, која со оваа победа ја одбрани титулата на САД опен.

Со триумфот во Њујорк, Белорусинката стигна до 21 титула во кариерата, и четвртиот трофеј од грен слем. Анисимова остана со три освоени ВТА титули.

В недела со почеток од 20.00 часот по македонско време, во машкото финале ќе играат Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер кој го брани тронот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот