ВИДЕО АНКЕТА | Дали граѓаните носат брендирана облека?

Во новата анкета на „Слободен печат“ сакаме да ги пренесеме различните перспективи на модата и купувањето облека, од индивидуален стил до навики на трошење. Анкетираните ни ги кажаа нивните омилени брендови на облека, како, „Масимо Дути“, „Зара“, „Томи Хилфигер“ и „Лакост“. Други пак, не се ограничуваат со познати брендови, го ценат квалитетот и изгледот на облеката, а не толку самите брендови.

„Немам конкретно место каде што секогаш се враќам да купувам, туку сум слободен човек и само разгледувам, ако нешто ми фати око, тогаш пристапувам кон купување“, објаснува едно младо момче.

Во однос на нивниот буџет, тие посочуваат дека трошат различни суми во зависност од сезоната и потребите. Некогаш трошењето може да биде значително, а некогаш минимално, во зависност од попустите и моменталната желба за нови парчиња облека.

„Не е нешто дека мора по секоја цена, нели, да се купи“, вели една случајна минувачка.

Погледнете ја целата анкета во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот