фото: facebook/Andreas Trajkovski

ВИДЕО | Aндреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина

Maкедонскиот атлетичар Андреас Трајковски кој подолги години живее и тренира во Данска постави нов државен рекорд во скок во далечина.

На атлетскиот митинг во Калитеа (Грција) Андреас Трајковски во третата серија скокна 7,79 метри (+0.9 м/с) со што го собори Македонскиот рекорд во скок во далечина кој беше исто така во негова сопственост (7,60), поставен минатата година.

Андреас го освои четвртото место на митингот. Прв беше Муарил Сришинкар од Индија со скок од 8.18 метри, втор неговиот сонародник Џејсин Андрин Џонсон со скок од 7.87, додека третото место го освои Џален Рукер од Австралија со скок од 7.80 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот