фото: РФМ

ВИДЕО: Андреа Седлоска во идеалниот тим од квалификациите за ЕП 2024

Македонската женсна сениорска ракометна репрезентација оствари две победи во првите две кола од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Австрија, Швајцарија и Унгарија.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски на стартот во Скопје го совладаа Азербејџан со 40:17, а потоа во Вилнус со 31:28 за важен исчекор кон пласман на континенталниот собир.

Една од најзаслужните за двете победи беше Андреа Седлоска која во двата меча реализираше вкупно 15 голови.

Во изборот на ЕХФ, Седлоска се најде во идеалниот тим, меѓу најдобрите седум ракометарки во првите две квалификациски кола.

Покрај Седлоска како најдобар лев бек, во изборот се и: Ана Кристенсен (голман, Данска), Клои Валентини (лево крило, Франција), Кристина Ласло (среден бек, Романија), Теа Стурлудотир (десен бек, Исланд), Алисија Тублан (десно крило, Франција) и Вилде Инстад (пивот, Норвешка).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот