ВИДЕО | Андоновиќ: Ако Израелците влезат во Рафах, Египет ќе го суспендира мировниот договор и ќе влезе во војна?

Египет се заканува дека ќе го суспендира мировниот договор со Израел доколку израелската армија влезе во густо населениот пограничен град Рафах во Газа.

Владата во Каиро исто така, предупреди дека борбите во градот би можеле да предизвикаат затворање на главната рута за снабдување на палестинските територии,

На заканите за суспендирање на спогодбите од Кемп Дејвид, камен-темелник на регионалната стабилност речиси половина век, претходеше оценката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е неопходно да се испратат војници во Рафах за да се извојува победа во четиримесечната војна против палестинската екстремистичка организација Хамас.

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа побегнаа во Рафах поради конфликт во други области и сега живеат во шатори и засолништа на ОН во близина на границата.

Египет стравува од масовен прилив на стотици илјади палестински бегалци на кои можеби никогаш нема да им биде дозволено да се вратат.

Во меѓувреме, хуманитарните организации предупредија дека офанзивата во Рафах ќе ја влоши и онака катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа, каде што околу 80 отсто од жителите ги напуштиле своите домови, а според податоците на ОН четвртина од населението гладува.

Нетанјаху во интервју за ABC NEWS навести дека цивилите во Рафах може да побегнат на север, велејќи дека има „многу области“ кои армијата веќе ги „исчистила“ од терористите на Хамас.

Тој рече дека Израел подготвува „детален план“ за нивно раселување.

Меѓутоа, израелската офанзива предизвика големи разурнувања особено на северот на Газа и сè уште се водат жестоки борби во централниот дел на територијата и Кан Јунис на југ.

Копнената офанзива во Рафах, исто така, може да доведе до затворање на граничниот премин за испорака на основна храна и лекови.

Катар, Саудиска Арабија и други земји, исто така, предупредија на сериозни последици доколку израелската армија влезе во Рафах.

И покрај предупредувањата, израелската армија започна копнена офанзива во Рафах, на јужната граница на Појасот Газа со Египет, а палестински извори тврдат дека се убиени десетици цивили.

Министерството за надворешни работи на палестинските власти го осуди, како што рече, израелскиот „масакр“ во Рафах, кој раселени околу 1,5 милиони луѓе од другите делови на Појасот Газа од почетокот на конфликтот во октомври минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот