Таткото на Вања Ѓорчевска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Анализа: Сведочењето на Трајковски би можело да ја расветли инволвираноста на таткото на Вања?

На денешното рочиште од судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се очекува да сведочи Гоце Трајковски, кој минатата недела самиот се предаде во полициска станица.

Полицијата подолг период го бараше Трајковски за друго кривично дело, подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода.

– Трајковски треба да сведочи и да каже како доаѓал до снимките од безбедносните камери во случајот со киднапирањето и убиството на девојчето и како грабнувањето го поврзал со исчезнувањето на Панче Жежовски кој беше ладнокрвно убиен неколку дена пред Вања. На последното рочиште, обвинителката инсистираше и понатаму да се бара Трајковски и да биде донесен да сведочи, а не само да биде прочитан неговиот исказ даден во Обвинителството. Ова негово сведочење би можело да ја расветли инволвираноста на таткото на убиената Вања, кој е второобвинет во случај за помагање – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!