
ВИДЕО | Анализа: Германија ни дава поддршка на патот кон ЕУ, но не и за патот кој нам ни се допаѓа
Премиерот Христијан Мицкоски изјави по средбата со Олаф Шолц дека Германија е голем поддржувач на евроинтегративниот процес на Македонија, но ние само можеме да се запрашаме што тоа вистински значи. Точно е дека Германија го поддржува нашето членство во ЕУ, но се сомневам дека го поддржува начинот на кој ние сакаме да ѝ се придружиме на Унијата, смета новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.
Препорачано
– Поддршката што Германија и другите членки на ЕУ ѝ ја даваат на Македонија на нејзиниот пат кон зачленувањето во Унијата е постојано присутна, но тоа не е во корелација со желбите и размислувањата на најголемиот дел од граѓаните на Македонија. Затоа и сметам дека се мали шансите да успее предлогот на нашата Влада за измена на преговарачката рамка, со што уставните измени со кои бугарите ќе бидат признаени како малцинство, би се направиле на самиот крај од преговарачкиот процес со ЕУ. Денеска ќе бидат неизбежни паралелите со Албанија, која ги започнува преговорите со ЕУ. Некогаш бевме во пакет со Албанија, а сега останавме заглавени пред започнувањето на преговорите. Сепак, треба да бидеме фер и да кажеме дека предизвиците и проблемите со кои се судруваа албанските политичари се од поинаква природа споредбено со тоа што ние го преживуваме на патот кон ЕУ – вели Ивановиќ во утринската програма на Слободен печат.
Целата анализа можете да ја погледнете на следниот линк: