Фото: EPA-EFE/MIGUEL RODRIGUEZ

ВИДЕО: Aматерите од Австралија во два натпревари примија 16 гола на Светското клупско првенство

Полуаматерскиот состав на Оукленд сити запиша уште еден убедлив пораз на Светското клупско првенство и вечерва беа поразени од Бенфика со 6-0.

Храбрите Новозеланѓани долго време успеваа да го одржат резултатот и да одолеат на нападите на португалскиот гигант, но нивниот отпор беше скршена во самата завршница од првото полувреме кога Анхел Ди Марија погоди од белата точка и донесе предност за Бенфика.

Вториот дел донесе и краткотраен прекин поради обилен дожд, а паузата како дополнително ги освежи „орлите“, кои по продолжението целосно го скршија противникот.

Павалдис и Санчез се надоврзаа на водството, Бареиро потоа двапати стрелаше, додека конечните 6-0 ги постави Ди Марија од уште еден пенал во самата завршница.

Ќе потсетиме, Оукленд во првото коло беше поразен со 10-0 од Баерн Минхен, па така во само два натпревари овој тим кој во својот состав има фудбалери кои работат и нешто друго покрај фудбалот прими 15 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот