Фото; Принтскрин/Инстаграм/Тик-ток

ВИДЕО | Ален Исламовиќ пееше во количка: Морав итно на операција, имав ужасни болки!

Пејачот на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ неодамна доживеал несреќа поради која се најде во инвалидска количка, а сега се огласил за српски „Курир“ и открил како се случило, но и како се чувствува сега.

Имено, снимката на пејачот од концерт како настапува во количка ја загрижи јавноста, но како што вели тој, сега се чувствува добро.

– Сега сум добро. Се оперирав пред 17-18 дена. По концертот во Ниш, имав пауза четири дена, па играв тенис со другарите во Сомбор, кога ја повредив Ахиловата тетива – открил за српски „Курир“ и продолжил:

– Тоа е една од најтешките спортски повреди, тоа е страшна болка. Веднаш ме оперираа, операцијата беше успешна, па по четири дена продолжив со концерти и настапив со „Бијели дугме“ во Крагуевац.

 

@andjelabulajic♬ original sound – Andjela Bulajic


Како што тврдат неговите обожаватели, ништо не може да го спречи Ален да излезе на сцената и да ја развесели публиката, а тој вели дека се прилагодил на оваа несреќна ситуација и дека не му било лесно, но дека на крајот успеал.

– Така сум „скроен“, кога добив патерици, јас со нив танцував! Проблемот беше затоа што пеам високи ноти и ќе вршев голем притисок на раната и ногата, на која не можам да се потпрам во следните четири недели, па количката беше најдобро решение. Обезбедив и безбедно и удобно патување, па ја кренав ногата, ставив овошје, храна, сокови околу мене и патот под нозе! Можеше да има разни компликации, раната да се зарази на оваа жештина, да отече ногата, да пукнат конците, но раната зараснува и добро закрепнувам – откри Ален за „Курир“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!