EPA-EFE/SARAH MEYSSONNIER /

ВИДЕО | Вучиќ на Инстаграм побара Сергеј Трифуновиќ да биде ослободен: Барам Хрватска што поскоро да го ослободи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм побара итно вклучување на државните органи на Република Србија за ослободување на актерот Сергеј Трифуновиќ, кој беше уапсен во Хрватска.

„Човек кој е мој политички противник , основач на движењето „Слободни граѓани“, но и државјанин на Србија, државјанин на нашата земја, беше уапсен и никој не разбра доволно и добро зошто“, рече Вучиќ.

Тој им се обрати и на хрватските власти и апелираше да постапат рационално и што поскоро да го ослободат Сергеј Трифуновиќ.

„И, апелирам до хрватските власти да разберат дека затворањето на Србите не води кон создавање подобри односи и не сакам да изговарам груби зборови и квалификации како што кажаа тие за Србија, поради задржувањето од десет минути, но само барам од нив да се однесуваат рационално и што побрзо да го ослободат Сергеј Трифуновиќ“, рече претседателот на Србија.

Тој изјави и дека „пред неколку дена видовме општа хајка против државата Србија, организирана однадвор и одвнатре, само затоа што естраден уметник од Хрватска бил задржан десетина минути на граничниот премин“.

„Не беше приведена, не беше уапсена, не беше малтретирана. Истите луѓе внатре и надвор молчеа кога на адвокатот Бериќ од Белград му беше одреден 15-дневен притвор, само поради некоја песна објавена на неговиот личен фејсбук-профил“, рече Вучиќ, алудирајќи на приведувањето на хрватската пејачка Северина на граничниот премин Батровци.

Северина по задржувањето била ослободена, но решила да се врати во Хрватска, по што изјавила дека никогаш повеќе нема да дојде во Србија додека Вучиќ е на власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот