Австралискиот УФЦ борец Александар Волкановски/фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

ВИДЕО | Александар Волкановски стана најстариот УФЦ шампион

Одржав е 314. по ред УФЦ настан, кој привлече големо внимание на љубителите на боречките спортови.

Во центарот на вниманието се најде мечот помеѓу австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски и Диего Лопес од Бразил кои се бореа за шампионскиот појас во перолесна категорија.

Публиката во Мајами, САД, имаше можност да присуствува на возбудлива борба, полна со акција и неизвесност.

Двајцата натпреварувачи покажаа изворендени вештини и борбеност, а мечот беше непредвидлив до самиот крај.

Судиите донесоа одлука победник да биде Волкановски со резултати 48:47, 49:46 и 49:46.

Овој резултат не го означи само неговиот триумф, туки и историски момент, бидејќи стана првиот борец постар од 35 години кој освоил појас во перолесна категорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот