Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

ВИДЕО | Актерот Расел Бренд пуштен на условна слобода: „Не направив ништо без согласност“

Актерот и комичар Расел Бренд (49) доби условна казна откако минатиот месец беше обвинет за пет кривични дела. На краткото рочиште одржано во петокот во Вестминстерскиот магистратски суд, на Бренд му беше дозволено да остане на слобода до следното рочиште, кое е закажано за 30 мај во Лондонскиот Висок кривичен суд, познат како „Олд Бејли“.

Бренд се појави во судницата облечен во црна кошула и панталони, а лицето делумно му беше скриено со очила за сонце со златна рамка. Тој кимна со главата за да покаже дека ги разбира условите и му се заблагодари на судијата пред да го напушти судот по вкупно 12 минути.

За време на сослушувањето беа прочитани сите обвиненија против ѕвездата, но Бренд не се изјасни за виновен. Тој зборуваше само за да го потврди своето име и датум на раѓање. Бренд беше обвинет за силување, принуден орален секс и сексуален напад. Обвинението за силување се однесува на наводен инцидент од 1999 година, додека принудниот орален секс наводно се случил во 2004 година.

Што се однесува до обвинението за непристоен напад, Бренд е обвинет дека ја зграпчил жената за рака и ја влечел кон машки тоалет во 2001 година, додека едно од обвиненијата за сексуален напад тврди дека ја допирал жената без дозвола помеѓу 2004 и 2005 година. Второто обвинение за сексуален напад доаѓа од жена која тврди дека тој ги допирал нејзините гради без согласност во 2004 година.

„Никогаш не сум бил силувач“

Бренд, кој има три деца со сопругата Лора, негира дека некогаш бил во „неконсензуални врски“. Во неодамна објавено видео на платформата „Икс“, тој изјави:

„Никогаш не сум бил силувач. Никогаш не сум учествувал во ништо без согласност“.

Тој додаде дека со нетрпение ја очекува можноста да ја брани својата невиност на суд.

Комичарот, кој во последните години стекна голема публика на својот Јутјуб канал, заклучи:

„Сега ќе имам можност да се бранам од овие обвинувања на суд и сум исклучително благодарен за тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!