
ВИДЕО | Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ низ солзи проговори за неизлечивата болест
Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност – изјавил тогаш Дејн за магазинот „Пипл“.
АЛС е невролошка болест која доведува до постепено губење на контролата на мускулите, а во моментов нема лек за неа.
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Засега е објавена само најавата од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни.
Седејќи со Дајан Соер, тој зборувал за својата борба со болеста.
– Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон – рекол Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен.
– Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот за мене – рекол Ерик.
Актерот станал многу емотивен и се расплакал кога Дајан го прашала на кого прво му се јавил за да му каже за својата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на Ејџ-би-о.
Дејн има две деца, Били Беатрис (15) и Џорџија Џералдин (13), со сопругата Ребека Гејхарт (53), со која е во брак 21 година. Дејн и Гејхарт се венчаа во 2004 година. Таа поднесе барање за развод во 2018 година, наведувајќи ги како причина непомирливите разлики. Сепак, Гејхарт го повлече барањето за развод.
Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ откри дека боледува од неизлечива болест