
ВИДЕО | Актерот од Хари Потер со солзи ја прими наградата БАФТА, говорот ѝ го посвети на починатата сопруга
Актерот Ворвик Дејвис, познат по улогата на професорот Флитвик во филмовите за Хари Потер, ја прими почесната награда БАФТА на годинашното доделување. Голем дел од својот говор ѝ го посвети на својата почината сопруга Саманта, а во еден момент, среде благодарностите, се расплака.
Препорачано
„Ова ѝ го посветувам и ѝ се заблагодарувам на мојата сопруга Саманта, која почина пред речиси една година. Секогаш ме поддржуваше во кариерата и ме поттикнуваше да ги искористам сите шанси со двете раце. Животот ми е од тогаш многу тежок, но благодарение на поддршката од нашите деца, Анабел и Харисон, успеав да продолжам со животот“, рече емотивниот Дејвис.
Емоциите ги совладаа и неговите деца, кои со солзи на лицето го слушаа неговиот говор. Иако до тој момент успешно ги контролираше солзите, на крајот од говорот гласот му затрепери и за миг заплака.

Тие се запознале на снимањето на филмот „Врба“ („Willow“) во 1988 година, а три години подоцна се венчале. Беа во брак 33 години, сè до нејзината смрт на 24 март минатата година. Скршениот Дејвис тогаш изјави дека починала неговата „најдрага личност“.
„Нејзината смрт остави огромна празнина во нашите животи како семејство. Ми недостигаат нејзините прегратки. Имаше уникатен карактер, секогаш ја гледаше сончевата страна на животот. Имаше одлично чувство за хумор и секогаш се смееше на моите лоши шеги“, истакна актерот.
БАФТА 2025: „Конклава“ и „Бруталистот“ триумфираа на британските филмски награди