
Ви откриваме неколку генијални трикови како да ги одвратите стршлените, осите и другите бубачки од вашиот дом и двор
Постојат растенија за кои е докажано дека ги одбиваат инсектите од дворот и од домот, а денес ви откриваме неколку генијални трикови како да ги одвратите стршлените, осите и другите бубачки од вашиот дом и двор.
Препорачано
Прво, постои специјална течност против оси и стршлени. За овој рецепт, треба да направите дупки на капакот на теглата. Ставете мед на дното на теглата и разредете го со малку вода или додадете една лажица џем. Инсектите ќе бидат привлечени од слатката миризба, ќе влезат низ дупките, но нема да можат да се одвојат од смесата од мед. Променете ја теглата по потреба.
Доколку сакате да се ослободите од неколку видови бубачки во исто време, овој рецепт е идеален.
Потребни ви се следните состојки: 30 мл маслиново масло, по една капка етерични масла од цитронела, еукалиптус, нане, чајно дрво, мирта и чемпрес.
Измешајте ги сите состојки во тегла, додадете малку вода и промешајте – само внимавајте да не ја држите смесата близу до вашите очи, дури и додека ја подготвувате.
Дополнително, во куќата можете да внесете едно од следниве растенија за кои е докажано дека одбиваат инсекти: босилек, рузмарин, лаванда и маточина.
Експертот за контрола на штетници Адам Џусон од Мерлин енвиронментал ги сподели своите евтини и лесни трикови за одвраќање стршлени и оси за The Sun. И не грижете се, нема да морате да потрошите тон пари, бидејќи според Адам, доволни се само неколку центи.
Искористете ги ситните пари
Според Адам, осите и стршлените не го поднесуваат мирисот на бакар. Значи, ако имате денарчиња во вашиот џеб, можете добро да ги искористите благодарение на овој трик.
„Поставете парички околу вашиот надворешен простор, покрај вашата маса и во садови со растенија, за да ги оддалечите овие штетници. Алтернативно, можете да ставите бакарна паричка во кесичка со вода и да ја закачите на кваките околу вашиот дом и надворешниот простор.
Кафе
Ставете малку кафе во огноотпорен сад и запалете го.
Адам објасни: „Со согорувањето на талогот од кафе се ослободува чад и мирис што осите и стршлените не можат да го поднесат.