Фото: FC Girondins de Bordeaux

Ветеранот Енди Керол ќе игра во четврта лига

Поранешниот англиски напаѓач Енди Керол има нов клуб и ќе игра во четвртата француска лига.

Екипата на Бордо која поради финансиските проблеми поминува низ тешки денови и беше исфрлена во четвртиот ранг на францускиот фудбал преку социјалните мрежи го потврди трансферот на Керол.

Во редовите на Бордо, Керол пристигнува како слободен играч откако претходно ја прекина соработката со Амиен, клуб кој се натпреварува во француската втора лига. За Амиен во минатата сезона, Керол постигна четири гола на 31 натпревар.

Низ кариерата Керол настапуваше уште за Ливерпул, Престон, Вест Хем, Рединг, ВБА и Њукасл каде што беше во најдобра форма кога Ливерпул за него во 2011 година плати 41 милион евра. Сепак, по тој трансфер започна неговиот пад во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот