Profimedia

Вештачката интелигенција го подмлади Том Хенкс во новиот филм, а Кудроу е запрепастена: „Загрижена сум за иднината“

На крајот на октомври излезе новата драма во режија на Роберт Земекис, „Here“. Филмот се одвива исклучиво на една локација со фиксен агол на камерата, прикажувајќи го истото место десет милиони години наназад сè до модерното време. Дејствието ја следи главната двојка која ја играа оскаровецот Том Хенкс (68) и Робин Рајт (58) уште од нивните тинејџерски денови, за што биле подмладени со помош на специјални ефекти и вештачка интелигенција.

Лиза Кудроу гостуваше во поткастот на Дакс Шепард, каде што ги откри своите размислувања за филмот и вештачката интелигенција.

– Сè што заклучив од филмот е дека ова е поддршка за вештачката интелигенција и ох, Боже, поминува низ времето. Тие ја снимиле сцената и потоа ја гледале репродукцијата на нивните помлади верзии.“

Познатата актерка од „Пријатели“ ја изрази својата загриженост за иднината на актерите во филмската индустрија со ваква технологија:

– Не дека сè ќе расипе… Но што е со актерите во подем? – рече таа. „Тие само ќе лиценцираат и ќе рециклираат“, се осврнала таа на продуцентите и режисерите.

Кудроу објасни дека генерално е загрижена за иднината меѓу вештачката интелигенција и луѓето.

– А што тогаш, ќе има некаков животен џепарлак за луѓето за да не мора да работиме? – го изрази таа стравот и додаде дека не може да замисли дека таков живот би ѝ бил доволен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот