Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Верските водачи на Хаити бараат ослободување на киднапираните калуѓерки

Верските водачи нагласија дека се вознемирени од недостигот на сериозен одговор на, како што рекоа, злото од киднапирања што го измачува Хаити повеќе од две години.

Надбискупијата на Римокатоличката црква во Порт-о-Пренс денеска се изјасни за ослободување на шесте калуѓерки кои беа киднапирани минатата недела и побараа, во многу остро формулирано писмо, владата на Хаити да се справи со гангстерите чие насилство ја зафати оваа карипска земја, најсиромашната на северната хемисфера.

Во заедничкото писмо на надбискупијата и Конференцијата на верниците на Хаити, се проценува дека жителите на Хаити се уморни од „владеењето на теророт“ што го спроведуваат вооружени групи и ги повикуваат владините претставници да ги заштитат луѓето и нивниот имот.

„Многу пати Црквата го осудувала нивното молчење кое има сличности со презирниот однос кон страдањата на народот“, се наведува во писмото.

Верските водачи нагласија дека се вознемирени од недостигот на сериозен одговор на, како што рекоа, злото од киднапирања што го измачува Хаити повеќе од две години.

Според нив, сегашното насилство „ја втурнало земјата во ситуација која е сè поконфузна и хаотична“.

Тие побараа киднапираните калуѓерки да бидат ослободени без никакви предуслови.

Калуѓерките и уште две лица патувале со автобус низ Порт-о-Пренс минатиот петок кога биле киднапирани. Сè уште никој не ја презел одговорноста за ова злосторство.

Папата Франциск вчера побара нивно ослободување во говорот пред верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Бандите на Хаити минатата година киднапирале 2.500 луѓе, што е за повеќе од 80 отсто повеќе отколку во 2022 година, според податоците на Обединетите нации.

Во земја со 11 милиони жители, има помалку од 10.000 активни полицајци, кои се преоптоварени со работа и не се доволно платени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот