Париз, Франција/ Фото: Профимедиа

Верска провокација во Франција: глави од свињи пронајдени пред париски џамии

Глави од свињи рано утрово се пронајдени пред неколку џамии во областа на Париз, по што е покрената истрага, соопшти префектот на париската полиција Лоран Нуњез, според Си-ен-ен.

„Се прави сè, за да се пронајдат сторителите на овие одвратни дела“, напиша Нуњез.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретајо им понуди поддршка на имамите на џамиите и на верниците, осудувајќи ги нападите врз верските објекти како дела на „немерлив кукавичлук“. Според весникот Паризиен, свинските глави биле пронајдени пред две џамии во источен Париз и во предградието Монреј. Телевизијата Франс Инфо, пак, јави дека животинските глави биле пронајдени на најмалку шест локации.

Инцидентот се случува неколку месеци откако еден човек беше избоден до смрт во џамија во јужна Франција, што предизвика гнев меѓу муслиманските заедници во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот