Верниците-приврзаници на Партениј денес на мирен протест пред резиденцијата на г.г. Стефан

Денеска со почеток од 12 часот пред резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан во Кривидол ќе се одржи мирен собир под мотото „Гласот на народот – глас на Бога“. Ваквиот собир, според организаторите, е поттикнат од начинот на избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

„Верниците на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, но и поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верниците се зачудени како Архиепископот со еден кандидат како предлог се оддржува избор?! Избор! Меѓутоа, за да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е Викарниот Епископ Антаниски со 30 години монашко искуство! Црквата е народот, без народ нема ни Црква!“, се вели во соопштението.

Во соопштението испратено до медиумите го предлагаат епископот Антаниски Партениј кој раководи со Бигорскиот манастир за нивни кандидат за избор на Митрополит. Велат дека црквата е народот, а народот има свој кандидат.

ФОТО: „Партениј за митрополит“ – порака на незадоволни верници пред Соборниот храм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот