Фото: Промо

Венко Филипче во Еден на Еден: Дали Аца Лукас се слуша во операциона сала? (ВИДЕО)

Министерот Венко Филипче ќе му биде гостин на Жаре, во новата Еден на Еден, во недела од 18.30 на Канал 5.

Филипче меѓу многуте лични и професионални приказни, раскажа за тоа како изгледа еден негов обичен ден.

– Се будам околу 4-5 наутро. Така сум попродуктивен, му рече тој на Жаре.

Министерот раскажа за своите прогнози и даде анализа за понатамошното справување со вирусот Ковид-19, кој спорт и кои филмови му се омилени, и за тоа и каква музика слушал во операциона сала.

– Јас сум бил во операциона сала на сите континенти освен во Австралија, и секаде зависи од договорот во тимот – рече министерот. По овој одговор, Жаре се пошегува:

– Што ако сестрата сака да го слуша Аца Лукас? Песната „Бајпас“ е веројатно добра за операција.

Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата, и видеото од приказната со музиката која се слуша за време на операција:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот