Фото: Пекселс/ deeana-arts

Венеција итно бара илјада гондолиери, треба да докажат дека знаат да веслаат

Познатите венецијански гондолиери со векови превезуваат патници низ тесните канали и се еден од симболите на Венеција. Сега се бара „засилување“. Гондолиерите сакаат да ги прошират своите редови за да обезбедат опстанок на нивната древна професија.

Процесот на аплицирање не е многу едноставен, а треба да се има предвид и дополнителната обука. Идните гондолиери мора да се пријават за курс, а ќе се квалификуваат само ако докажат дека знаат како да веслаат или барем ги имаат потребните вештини за да ја развијат оваа вештина, пренесува Пословни.хр. За оние кои се запознаени со строгиот систем на совладување на возењето во Италија – овој процес е исто толку ригорозен. Учесниците мора да поминат 30 часа теоретски часови за да научат за водениот сообраќај.

Тие ќе учат англиски и француски јазик, но и за историјата, уметноста и културата на Венеција, со посебен фокус на тоа како е изграден градот, како и на водните патишта низ градот.

Потоа следуваат 10 часа практична обука, која вклучува веслање во гондола под надзор на мајстор гондолиер. Некогаш во Венеција имало десет илјади гондоли, но денес низ градот возат само 433 гондоли. Оваа професија порано била исклучиво машка и се пренесувала од татко на син. Но, денес, гондолите ги возат и 14 жени, а професијата е отворена за сите граѓани на Европската Унија.

Со околу 30 милиони посетители на Венеција годишно, гондолиерите се многу барани. Меѓутоа, потрагата по нови гондолиери не е поврзана со опслужување на голем број туристи, туку со желбата оваа професија да опстане, пишува РТ.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот