EPA-EFE/ADAM DAVIS

Вембањама: Попович ќе се врати побрзо одошто мислите

Дебитантот на сезоната во 2023/2024 кажа колку му недостига тренерот на Сан Антонио Грег Попович, кој моментно е отсутен од здравствени причини

Сан Антонио спарс се во неизвесност поради Грег Попович. Тренерот ги пропушти последните неколку натпревари поради „сериозен здравствен проблем“. Не е откриено што го предизвикало отсуството на тренерот, но се чини покомплицирано отколку што првично се мислеше.

Не е познато кога Попович ќе може да се врати на клупата, иако Виктор Вембањама, играчот на Спарс, се обидува да ја смири ситуацијата.

– На сите ни недостасува, се надеваме дека е добро. Знаеме дека ќе се врати. Знаеме дека ќе се врати порано отколку што се мисли, но таков е тато – вели Вембањама, употребувајќи го прекарот на Попович меѓу играчите на Спарс.

Засега раководството на тимот го презеде Мич Џонсон, еден од помошниците тренери.

EPA-EFE/CJ GUNTHER

Во клубот постои загриженост за здравјето на Попович, најстариот тренер во НБА. Попович има 75 години.

Крис Пол, кој е само неколку месеци во Спарс, но се соочува со Попович целата своја кариера, ги изрази чувствата на тимот за отсуството на тренерот.

– Му недостига на целиот тим и на стручниот штаб. Тој е тато, знаете? Кога е присутен тоа влијае смирувачки за сите. Попович е прв што ќе ви каже да не се грижите за него – вели Пол.

Попович е на чело на Спарс од декември 1996 година. Тој е тренер со најмногу победи во НБА (1.391), трет со најмногу натпревари во кариерата (2.216). Освоил
пет титули (1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година) и три награди тренер на годината во НБА (2003, 2012 и 2014 година).

Грег Попович има здравствени проблеми, Сан Антонио без тренер во следниот период

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот