Диме Велковски / Фото: ТВ21 / скриншот

Велковски објасни како ќе ги враќаат младите во Македонија – ќе ги потсетуваат дека овде поевтино се живее

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во гостувањето во емисијата „Бизнис 21“ на телевизијата „21“ зборуваше за плановите на неговото министерство и Владата за „враќање на младите во Македонија“.

На прашањето какви мерки, каков механизам ќе ги стимулира иселените млади луѓе да се вратат во земјава, Велковски не откри ништо конкретно, туку рече дека младите кои се отселиле во западните земји, таму трошат многу повеќе пари на домување, а иако заработуваат повеќе, трошоците на животот им се многу повисоки отколку во родната земја.

„Точно дека заработуваат повеќе во западните земји, но ако ги пресметате сите они трошоци кои таму ги имаат, ќе видите дека трошат многу повеќе за станбен простор, нели кај што живеат, многу повисоки се цените пазарни и секојдневни потреби на нив“, вели Велковски.

Запрашан како властите мислат да ги привлечат младите да се вратат токму во несредениот здравствен, правен, општествен систем поради кој се иселиле, Велковски рече:

„Ние преземаме сет на мерки во секој еден сегмент за им понудиме, за да имаат и среден социјален дел, образовен, здравствен. Ние не говориме само за тоа да им понудиме плата која што ќе ги задоволи, или некаков услов, нели, откај работодавачот како елемент за да ги привлечеме, а сето друго да го занемариме…. Работиме комплетно на сето ова што е системски и нормално – повисоки плати и да ги вратиме овие луѓе назад во Македонија“.

Хрватска им нуди до 80.000 евра на Хрватите кои би се вратиле во БиХ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот