Оливер Спасовски / Фото: Влада на Р.С. Македонија

Велигденска честика на Спасовски до католичките верници

Премиерот Спасовски во честитката посочува дека „овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови”.

Еден од најсветлите празници годинава го славиме во изолација како подвиг на секој од нас пред искушенијата кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот Ковид-19, нагласува претседателот на Владата, Оливер Спасовски во писмо до бискупот скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во нашата земја, монсињор Киро Стојанов, со кое нему и на верниците од католичката вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.

Премиерот Спасовски во честитката посочува дека „овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови”, потенцирајќи дека „од нас годинава се очекува да понесеме саможртва за доброто на сите овие денови да ги славиме во изолација за да се заштитиме себеси и ближните” и „во мирот и спокојството на домот да ја победиме смртта и да преминеме во нова иднина”.

– Со воскреснувањето на Исус Христос, се случи нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и стана сила на надеж за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда, нагласува Спасовски.

Тој натаму потенцира дека годинава „се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски”, но изразува и уверување „дека од празникот со кој ја славиме победата над смртта сите ќе излеземе посилни и подобри”.

– Христос воскресна! Навистина воскресна! Останете дома!”, пишува во честитката на премиерот Спасовски по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот