
Велешанец со пушка шетал по улица
Основното јавно обвинителство од Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишено велешанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери.
Препорачано
На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка ја носел со себе, кога го запреле полициски службеници.
Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
14мин
-
17мин
-
26мин
-
43мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5