Фото: МИА

Велешанецот кој со месеци ја демнел и ја тепал поранешната партнерка оди во притвор

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишниот жител на Велес, кој е осомничен за кривични дела „демнење“ и „продолжено насилство“ поради тоа што со месеци ја прогонувал неговата поранешна партнерка и во повеќе наврати физички ја напаѓал.

Од предистражните дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, со месеци ја следел и се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со своите постапки кај неа предизвикувал чувство на страв, несигурност и вознемиреност.

На 18 септември, во текот на целиот ден, осомничениот вршел грубо насилство врз жртвата, при што и нанел телесни повреди. Првин ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа трипати насилно влегол во нејзиниот стан и повторно физички ја нападнал.

Јавниот обвинител оценил дека постои сериозен ризик осомничениот да ги повтори насилничките дејствија, имајќи предвид неговата упорност и фактот што работи заедно со жртвата. Дополнително, поради неговото занимање и важечката документација за премин на државната граница, постоела опасност и од бегство.

На барање на Обвинителството, Судот одлучил насилникот да оди во притвор.

Ново сведоштво | Пред 12 години го пријавила убиецот на Росица во полиција: „Јас можев да бидам на нејзиното место“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот