
Вековната мистерија можеби конечно е решена: Нова студија докажа каде е погребан Кристофер Колумбо
Вековната мистерија околу Кристофер Колумбо и неговото последно почивалиште, можеби, конечно е решена.
Препорачано
Новата научна студија на Универзитетот во Гранада открива дека морепловецот, можеби, е погребан во Севиља, откако ДНК анализата потврди дека некои од неговите останки се наоѓаат во катедралата во Севиља, пишува „Јуроњуз“.
Со анализа на мали коскени фрагменти и нивно споредување со ДНК на директните потомци на Колумбо, научниците успеаја со „апсолутна сигурност“ да потврдат дека последното почивалиште на истражувачот е Шпанија, со што заврши дебатата за локацијата на гробницата на Колумбо.
„Ова е револуционерно откритие што решава долготрајна историска дебата“, рече форензичарот и професор по правна медицина на Универзитетот во Гранада, д-р Хозе Антонио Лоренте, кој е водечки истражувач на проектот.

„Сега можеме со апсолутна сигурност да кажеме дека Кристофер Колумбо е погребан во катедралата во Севиља“, додаде тој.
Колумбо умрел во Ваљадолид, Шпанија, во 1506 година. Неговите останки биле преместени неколку пати, а на крајот завршиле во Севиља во 1898 година ги навело Доминиканците да мислат дека посмртните останки во Севиља биле оние на синот на Колумбо, Диего.
Новите откритија се прикажани во документарниот филм „ДНК на Колумбо: вистиското потекло“ („Columbus DNA: The True Origin“).
Во режија на Реџис Франциско Лопез, документарниот филм е базиран на научни и историски истражувања спроведени од Лоренте во текот на повеќе од 20 години.