Instagram
Фото: Принтскрин -Instagram

Ведрана Рудан е на морфиум, не станува од кревет и страда од силни болки

Писателката и колумнистка Ведрана Рудан повеќе не може да стане од кревет, и иако зема морфиум, страда од неподносливи болки, објави српскиот портал „24Седам“.

Таа долго време се бори со ужасна болест. И покрај силните болки, таа продолжува да пишува, а со својот нов текст „Petlova kresta“ (Петлова круна/целозија) предизвика бројни реакции и прашања кај многумина кои го сфаќаат своето здравје несериозно.

– Со години читам портали, сè е во мојата глава. Ние одлучуваме како ќе бидеме. Затоа донесов цврста одлука синоќа, ќе ја игнорираш болката. Утре, тоа е денес, ќе ја ставиш дланката во тупаницата на твојот сопруг, кој го е** ракот, и ќе одиш во потрага по цвеќето „Петлова круна“. Лежењето во кревет не боли, но гледањето во истиот прозорец со денови и скролањето низ порталите убива – почна Ведрана и додаде:

– Денес се раздени. Не му кажав на сопругот за мојот план додека пиевме кафе во кревет. Тој стана и исчезна во бањата, а јас си реков гласно, сè е во твојата глава, сè е во твојата глава… Освен тоа, си зела таблета морфиум… Не се обидов да станам од креветот, нема потреба да претерувам, ја ставив едната нога врз другата и полека, полека ги поместивав кон работ на креветот. Па ги префрлив преку работ. Почувствував како нож да ми се забодува меѓу ребрата. Вриснав и се вратив во почетната положба.

Ведрана рече дека ниедна сабота не е обична и дека е штета што луѓето не го знаат тоа.

– Маж ми влезе во собата. За среќа, не ме слушна. „Што сакаш да ти донесам од градот?“ Реков: „Купи ми десет петлови круни на пазарот.“ Ме погледна чудно. Му покажав фотографија. „Аха“. Кога излезе од куќата, полека здивнав и влегов во зоната без болка. Гледам во параванот што го покриваше прозорецот од мојата соба. Ве гледам како шетате низ пазарите, гледате петлови круни, можеби не знаете дека добро поднесуваат мраз, па купувате некое другоцвеќе. И малку ви е здодевно. Мислите дека денес е само уште една обична сабота во вашиот живот. Штета што не знаете, ни јас не знаев, нема обични саботи – заклучи Рудан.

Бројни следбеници ѝ испратија на писателката зборови на поддршка во коментарите.

„Отсега натаму, ќе гледам на саботата поинаку“, „Ведрана, ние сме со тебе и мислиме на тебе“, „Ја сакам Ведрана таква. Игнорирај и живеј го животот“, „Ти посакувам брзо закрепнување, методот не е важен. Продолжи да ни пишуваш долго време“, напишаа следбениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот