
Вечерва се доделува „Златната топка“: Победникот нема да биде познат до самиот крај
Најпрестижното индивидуално признание во светот на фудбалот, „Златната топка“ во избор на магазинот „Франс Фудбал“, вечерва ќе биде доделено по 69-ти пат во Париз, а церемонијата ќе започне во девет часот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како и секоја година, вниманието е најмногу насочено кон машката категорија, каде што, овојпат, за првпат по долго време не е познат од претходно победникот. За таа цел „Франс Фудбал“ уште претходно го укина интервјуто кое го правеше со победникот пред доделувањето на наградата.
Најголемите фаворити се Ламин Јамал и Усман Дембеле, додека во трката се спомнува и Бразилецот Рафиња како можно поголемо изненадување, но неговите шанси сепак се минимални и главната битка се очекува да се води помеѓу тинејџерот на Барселона и напаѓачот на актуелниот европски шампион.
Дембеле имаше речиси перфектна сезона во која ги освои сите можни титули со ПСЖ: Лига 1, Купот на Франција, Лига купот, Лигата на шампионите, а ја додаде и титулата во Суперкупот на УЕФА. Покрај трофеите, имаше и импресивни бројки, додаде повеќе голови и асистенции од своите конкуренти.
Од друга страна, младиот Јамал, иако само 18-годишен, веќе е во самиот врв во битката за најпрестижното индивидуално признание. Минатата сезона со Барселона ги освои Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија и беше еден од најважнитее во тимот на Флик.
Интересно е и тоа што делегацијата на ПСЖ нема да може во целост да присуствува на церемонијата поради обврските во домашното првенство. Вечерва тие гостуваат кај Марсеј на „Велодром“, во дерби натпревар кој вчера беше одложен поради невреме.
Ќе потсетиме, минаатата година „Златната топка“ ја освои Шпанецот, Родри кој сега не е во конкуренција бидејќи најголем дел од сезоната пропушти поради повреда.