Упокоениот Папа Франциск/Фото: Ватикан

Ватикан: Погребот на папата Франциск ќе се одржи во сабота на 26 април

Погребот на папата Франциск ќе се одржи во сабота на 26 април во 10 часот на плоштадот пред базиликата Свети Петар, јави Анса, повикувајќи се на соопштение на Канцеларијата за литургиски настани во Ватикан.

Претходно денеска беше соопштено дека телото на починатиот папа ќе биде однесено во базиликата Свети Петар во среда во 9 часот.

Телото на папата Франциск во моментов е изложено во капелата на резиденцијата Санта Марта каде што живеел во текот на 12-те години како поглавар на Римокатоличката црква, објави Ројтерс.

Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциск неодамна ги одобри плановите за поедноставување на целата процедура за неговиот погреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот