Ватикан / Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Ватикан: Меѓународната заедница не може да стои на страна додека се одвива масакр во Газа

Ватикан ја повика меѓународната заедница активно да работи на постигнување решение за две држави во палестинско-израелскиот конфликт, велејќи дека влошувањето на кризата во Газа ја направило итна потребата од праведно и трајно политичко решение.

Оттаму изразија надеж дека претстојната меѓународна конференција на високо ниво за мирно решавање на палестинското прашање и спроведување на решението за две држави, на која ќе копретседаваат Франција и Саудиска Арабија, ќе се залага за решение што ќе им гарантира на Палестинците суверена, независна држава со безбедни, почитувани и меѓународно признати граници.

„Тековната трагедија во Газа, масакрите на десетици илјади невини цивили кои беа убиени од бомби и кои сега умираат од глад и немаштија или се застрелани додека се обидуваат да добијат храна, треба да им ја разјаснат на сите итноста од запирање на воените напади што го предизвикуваат ова крвопролевање“, се наведува во соопштението пренесено од „Ватикан њуз“.

Хуманитарен брод се приближува кон Газа – го надлетуваат израелски дронови

Ватикан ги осуди нападите врз цивилите и повика на почитување на хуманитарното право, вклучително и заштитата на цивилите и забраната за колективно казнување.

Меѓународната заедница не може да продолжи да стои настрана додека се одвива овој масакр“, соопштија од Ватикан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот