Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/Erin Scott

Вашингтон негира дека шесте милијарди долари одмрзнати ирански пари отишле за помош на Хамас

Државниот секретар Ентони Блинкен ги негираше тврдењата дека парите што неодамна беа одмрзнати за Иран биле пренасочени како помош за ненадејните напади на Хамас во Израел, забележувајќи дека тие пари се уште не се потрошени и дека можат да се употребат само во хуманитарни цели.

-Ниту еден долар од таа сметка всушност се уште не е потрошен. Како и да било, тие се грижливо и тесно регулирани од Министерството за финансии за да се осигура дека се употребени само за храна, за лекови и лекарска опрема, изјави Блинкен синоќа за телевизијата Еј-Би-Си.

Портпаролот на Хамас, милтантната група која стои зад нападите, ијзави дека за да се изведе нападот тие примиле директна помош од Иран. Блинкен го осуди Иран за неговото постојана подршка за Хамас, истакнувајќи дека Иран се уште не ги употребил парите што неодамна станаа достапни.

Администрацијата на Бајден минатиот месец го извести Конгресот дека на банките ќе им биде дозволено да извршат трансфер на шест милијарди долари замрзнати ирански пари како дел од договор за размена на пет американски државјани кои беа во заточеништво во Иран со пет ирански државјани задржани од САД. Според договорот, парите беа префрлени од Јужна Кореја до Катар и можат да бидат употребени само за хуманитарни цели.

Јужна Кореја ги има овие средства откако администрацијата на Доналд Трамп во 2018 година дозволи таа да купи нафта од Техеран. Но исплатата беше замрзната откако во 2019 година САД ги затегнаа санкциите против Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот