Милтиадис Варвициотис
Милтиадис Варвициотис / Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Варвициотис: Иднината на Европа е тесно поврзана со интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Иднината на Европа е тесно поврзана со интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис за време на Меѓувладината конференција ЕУ- Србија во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис, како што соопштија од неговиот кабинет, ја повторил грчката поддршка за ЕУ перспективата на регионот, споменувајќи ја иницијативата од Солун во 2003 година и истакнал дека интеграцијата на Западен Балкан е важна „од политички, економски, но и безбедносен аспект за Унијата и не претставува само уште едно проширување, туку многу повеќе е геополитички стратешки избор што ја зајакнува улогата на ЕУ како главен регионален и глобален играч”.

-Алтернативниот министер за надворешни работи истакна дека во време кога кај земјите од Западен Балкан има тенденција на губење на нивниот мотив за спроведувањето на реформите со ориентација кон ЕУ, потребно е да го зајакнеме кредибилитетот на Унијата во регионот и до српските граѓани да испратиме порака дека нашата иднина е заедничка, соопштија од кабинетот на Варвициотис.

Во однос на Србија, рекол дека е клучна земја на ЕУ во регионот и дека постигнала опиплив напредок, забрзувајќи ги реформите со фокус на владеењето на правото, а пред почетокот на конференцијата, одржал куса средба со српската премиерка Ана Брнабиќ, на која ја потврдил „цврстата поддршка на Грција за интеграцијата на Србија во европското семејство”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот