Вархељ: Да веруваме дека добрососедските односи меѓу РСМ и Бугарија ќе донесат решение (ВИДЕО)

Вархељ рече дека кај премиерите Заев и Борисов гледа посветеност, а се надева дека тие како ЕУ ќе помогнат колку ќе можат за да се најде решение.

Не би драматизирал околу ова прашање, иако прашањето е сериозно. Вака денеска еврокомесарот Оливер Вархељ ги коментираше несогласувањата меѓу Скопје и Софија, на новинарско прашање дали ЕУ ќе посредува во нивно надминување.

Во интерес е и на Бугарија и на Северна Македонија да најдат решение за прашањата кои предизвикуваат недоразбирања. Без да се разјаснат ќе биде многу тешко работите да се придвижат напред. Ова е моментот за да се постигне договор, изјави денеска во Скопје еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката прес – конференција со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.

Гледам посветеност од страна на Заев и на Борисов и се надевам дека ќе успеат да изнајдат решение и колку што знам тие работат на тоа. Ќе направиме се што можеме доколку ние можеме да помогнеме во процесот. Да се изнјајде решение не е невозможно. Не би драматизирал премногу околу прашањето, но сепак е сериозно прашање, рече Вархељ на новинарско прашање дали смета дека за идентитески прашања како јазикот може да се разговара и да се барат решенија.

Запрашан за тоа дали Бугарија е осамнена во своите барања или има и други држави кои ја поддржуваат, кога ќе се финализира преговарачката рамка и дали земјава ќе ги започне преговорите до крајот на годинава, Вархељ рече дека процесот на преговарање е веќе почнат и оти ЕК мора да ја добие поддршката од секоја земја членка.

-Се надеваме дека ќе можеме да продолжиме според планот и дека во рамки на германското претседателство ќе можеме да ја одржиме првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија На тоа во моментот работиме. Постојат и други прашања кои мораме да ги опфатиме. Јас сум свесен за чувствителноста. Би сакал да ве замолам за трпение. Затоа што дипломатијата функционира. Тоа го имаме видено со Преспанскиот договор и во други слични сериозни прашања. Веруваме сите дека добрососедскките односи на С.Македонија и Бугарија ќе доведат до репение за прашањето, истакна еврокомесарот за проширување.

Тој истакна дека Извештајот е потврда дека сите услови за одржување на меѓувладината конференција се исполнети и сега претстои да се донесе одлуката за усвојување на рамката за проширување со правилата и начелата за преговорите.

-Тоа е одлука што ќе ја донесе Советот, така што се движиме според планот, посочува Вархељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот